Како Да Ја Пронајдете Љубовта на Својот Живот

Ако ја барате љубовта на својот живот, набавете си кученце или одете во паркот каде што има игралиште за вашите омилени миленичиња

Мажите кои ја бараат љубовта на својот живот се обидуваат најдобро да се грижат за изгледот, облеката, однесувањето … и не секогаш им оди најдобро. Ако спаѓате во такви, ова е добра вест за вас – постои начин да јао најдете без толку многу труд.

Имено, како што тврдат научниците од познатиот институт Кинси, кога жените гледаат човек што се грижи за куче, тие гледаат многу повеќе од тоа отколку што можете да си замислите.

Според нивното сознание, фактот дека имате куче зборува многу повеќе за вас. Значи, можете да се грижите и за друго битие, да го следите неговиот распоред за исхрана, излети и да му дадете љубов.

Кога луѓето ќе видат како некој кој се грижи за кучето, тие не само што мислат дека сте добар пријател, туку и добар родител.

Истражувањата покажаа дека жените го гледаат мажот со куче како идеален партнер кој ќе ги сподели своите животни обврски со неа. И тоа има смисла.

Значи, ако ја барате љубовта на својот живот, набавете си кученце или одете во паркот каде што има игралиште за вашите омилени миленичиња.

12 Shares