Трикови кои ќе ви помогнат да станете наутро за само 60 секунди

Една од најтешките работи што мора да ја направите е да станете од креветот рано наутро, особено во зима кога надвор е уште темно.

Речиси е невозможно веднаш да станете, а да не го поместите алармот за пет минути. Magazine Coveteur, заедно со Фондацијата за спиење, објави серија совети како да станете од креветот за само 60 секунди, да се чувствувате полни со енергија и да бидете подготвени за новиот ден.

Напијте се вода

Пред спиење ставете чаша вода и оставете ја веднаш до креветот. Кога ќе се разбудите испијте ја за да го задржите вашето тело хидрирано и да го покренете метаболизмот. Исто така, ќе ви помогне и свежа вода.

Стратешки наместете го алармот

Ако вашиот часовник или телефон е близу до вашата рака, лесно ќе го поместите за дополнителни пет минути. Поставете го алармот подалеку од креветот за да не можете да го дофатите и така ќе морате да станете за да го исклучите.

Отстранете ги завесите и ролетните

Сончевите зраци наутро може да бидат фрустрирачки, но тоа е предупредување дека е време да се разбудите. Пред да легнете, отстранете ги завесите и ролетните. Друга опција е да купите часовник што свети кога алармот ѕвони.

Прилагодете ја температурата

Кога одите на спиење, телото ја намалува температурата. Прилагодете ја температурата во спалната соба за подобро да спиете. Идеалната температура е помеѓу 20 и 22 степени.

Креветот користете го само за спиење

Не лежете во текот на денот во креветот, бидејќи ќе имате проблеми со спиењето во вечерните часови. Ако лежите на креветот во текот на денот, вашиот мозок повеќе нема да се поврзе со релаксација и сон.

Без алкохол или кофеин

По напорниот ден, пиењето чаша вино доаѓа како вистинска работа, но ако сакате да се разбудите свежи, ќе го прескокнете овој ритуал. Подобро да испиете чај од липа или чај од камилица.

7 Shares