Почнува Крајна Пресметка – Инволвирани – Турската војска, САД, Русите, Курдите и Сиријците

Доналд Трамп им нареди на сите американски трупи во северна Сирија да се движат јужно во земјата, но не и да ја напуштат, изјави денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Еспер за телевизијата CBS изјави дека конфликтот меѓу турските сили и сириските курдски борци станал „неодржлив“ за американската војска. И дека Анкара има намера да ги прошири операциите и на запад и на југ.

Ваквата состојба, рече Еспер, го натера Трамп да нареди повлекување на американските трупи од северот. Еспер повтори дека на американските војници не им било наредено да ја напуштат Сирија, пренесе АП.

Тој не прецизираше колку американски војници ќе ја напуштат северната Сирија, но околу 1.000 има таму. Од сето она што го кажа американскиот секретар за одбрана, ова е веројатно најиндикативниот за ова:

„Научивме дека Курдските демократски и сириски сили сакаат да постигнат договор со сириската армија и Русите за започнување на заедничка контра-офанзива на северот. Ова значи дека нашите војници би биле меѓу две спротивставени армии, меѓу два блока во браздата и тоа би било многу тешка позиција “.

Неименуван американски официјален претставник претходно изјавил дека „мала група“ на американските трупи се повлекла од базата во северна Сирија во градот Аин Иса, пред да напредува турската армија.

Ова е веќе втор случај на повлекување на американските трупи од почетокот на турската офанзива во северна Сирија.

Сириската влада и сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите имаат разговори во руската воздушна база Кмејим во Сирија, изјави сирискиот курдски политичар Ахмед Сулејман за Ројтерс.

Тој изрази надеж дека договорот ќе ја запре турската офанзива и особено „нејзините катастрофални и опасни последици“.

Сулејман, официјален претставник на Курдската демократска напредна партија во Сирија, рече дека разговорите водени во базата Хмејмијах во Латакија може да продолжат во Дамаск.

Тој не рече дали тој или неговата партија учествувале во преговорите. Портпаролот на СДФ Мустафа Бали одби да коментира за Ројтерс.

„Од почетокот на турската инвазија, ние тврдевме дека ќе ги разгледаме сите опции што можат да го спасат нашиот народ за етничко чистење“, рече тој.

(Танјуг)

5 Shares