Вицови за расположение- Новопечен Македонски богаташ, Трпе и Трпана и четирите вампири

Тргнал Трпе на прослава на матурата во Скопје. Влегол во воз и ја прашал плавушата што седела во купето и читала книга:

„Добар ден, дали е слободно?“. „Да“, му одговорила таа и Трпе си седнал. По некое време, сакајќи да започне разговор, Трпе рекол: „Госпоѓице, се извинувам што ве прекинувам, ама гледам дека читате нешто интересно“.

Плавушата му одговорила: „Па, да, читам малку за машките полови органи“.

Трпе се израдувал: „И што велат?“

„Па, велат дека Унгарците имаат најдебели, а Индијанците најдолги пениси.“

Трпе се замислил, станал и рекол: „Извинете, не се претставив. Јас сум Иштван Винету“.

 

Новопечен богаташ Македонец скршил нога и отишол кај приватен ортопед.

-Скршена е, ќе мора да се стави гипс – рекол ортопедот.

-Каков гипс, бе, батка?! Тури мермер!

 

Четири вампири играат покер во човечки трупови. Еден од нив решава да се откаже:

– Уморен сум. А и нема веќе трупови. Идам да спијам. Доаѓа зората.

– Немој да лажеш дека веќе немаме лешеви.

– Неам, гарант.

– Ај да ѕирнеме во твоето поткровје, да видиме дали имаш или немаш.

Доаѓаат до поткровјето и таму стварно висат десетина трупови.

– Што е ова, пријателе?!

– А, ова ми се шеќерашите, нив ги чувам за компот.

43 Shares