Зошто некои луѓе едноставно никогаш нема да признаат кога криви?

Тие чувствуваат дека се непогрешливи, дека се совршени и секое признание на грешката е удар за нивното его.

Само големите луѓе знаат и можат да признаат кога се криви, но на некои навистина тоа не им оди од рака.

Психологот Тим Шарп од американскиот Институт за среќа, објасни кои можат да бидат причините за ова…

Ако ја признаат грешката, сметаат дека тие не вредат

Признавањето на грешките се поврзува со фактот дека тие не успеале како личност, па тоа им создава вознемиреност, објаснува Шарп. Тие чувствуваат дека се непогрешливи, дека се совршени и секое признание на грешката е удар за нивното его. Грешките ги сметаат за недопуштени и нема да ги признаат.

Мислат дека се силни луѓе

Особено, тоа е чест случај за луѓето кои не ги признаваат своите грешки, а со тоа мислат дека се многу силни. Но, впрочем е спротивното, вели Шарп. Луѓето кои не стојат зад нивните постапки и не ги признаваат грешките се сметаат за слаби.

Тоа има смисла затоа што кога некој ќе се постави на начин: никогаш не сум направил грешка, јас сум 100 отсто совршен, ретко ќе верувате во тоа. Но, кога некој вели дека ќе стори сé што е во негова моќ, но дека тој не е совршен и дека греши, ќе биде полесно да му се верува.

Не ја ценат вистината

Ова е чест случај за политичарите, вели Шарп. Кога им објаснувате дека рекле нешто неточно, тие само ќе одговорат на тоа дека не им е грижа или така е барем во повеќето случаи.

“Ова се луѓе кои не ги признаваат своите грешки затоа што не ги ценат вистинските вредности или вистината како другите нас, што ги признаваме кога сме во право и ги прифаќаме последиците од нашите постапки”.

8 Shares